БАЛКАНиУМ – Број 16; Уредник: Васил Толевски

Објави Сатиргора

Дојде зимата, дождовите и снеговите, дојдоа поскапувањата, дојдоа најавите за избори… а дојдоа и светските моќници во Скопје, градот на солидарноста и загаденоста. А ние, Балканиум-ците потонавме зо земја во срам. Никако да дојдеме во предвидениот термин. Секогаш сме превреме, затоа што тоа Вие го баравте. А вашите барања за нас се како заповеди.
Од новите простории во кои се сместивме Ви го испраќаме БАЛКАНИУМ број 16, во кој ќе најдете се што ви треба за Ваша душа, да се насмеете и замислите. Се надеваме дека во број 16 ќе остварите средби со велемајсторите на хуморот, сатирата, карикатурата и нашите колумнисти. Значи: во БАЛКАНиУМ број 16 ќе се сретнете со Јордан Поп Илиев, Миро Георгиевски, Јордан Ѓорчев, Миле Манчевски, Тошо Борковиќ, Дарко Дрљевиќ, Горан Дивац, Саша Димитриевиќ, Горан Ќеличанин, Владимир Казаневски, Хуле Ханушиќ, Борислав Станковиќ Стабор, Аморим, Иваило Цветков, Кристиан Топан, Ѓорѓе Оташевиќ, Димитар И.Вилазорски, Нинус Несторовиќ, Јово Николиќ, Милан Р.Симиќ, Валентин Димитров, Радмило Миќковиќ, Горан Иванковиќ, Миле Ѓорѓијоски, Слободан Симиќ, Љупчо Сиљановски, Александар Чотриќ, Атанас Крлевски, Драганчо Т. Изворски, Жељко Желе Јовановиќ, Жељко Марковиќ, Мирослав Средановиќ, Никола Драгаш, Јане Атанасов, Васил Толевски, Ружа Стојмилова, Маја Цекова, Радивое Бојичиќ, Славица Агиќ, Петар Писместровиќ, Валери Какачев, Румен Драгостинов, Иво Мијо Андриќ, Христо Недјалков, Сеид Имамовиќ, Мојмир Михатов, Душан Пуача, Ристо Филчевски, Татјана Алексиќ, Ленче Стоименова, Драгутин Миниќ Карло, Ненад Митиќ, Душан Старчевиќ, Сеид Имамовиќ, Нешко М. Илиќ, Љиљана Крстиќ, Елеонора Николовска, Драго Босниќ, Соња Р. Јовановска и Милан Пантиќ.
Автори во Балканиум – Ви благодариме што мислите на нас.
СО БАЛКАНиУМ СОРАБОТУВААТ НАЈДОБРИТЕ.