БАЛАКАНиУМ бр. 22

Објави Сатиргора

Народот избира: Со БАЛКАНиУМ број 22 или во него!

Беа изборите и завршија. Народот колку му ја мислеше кого да избере и по изборите пак почна да ја мисли. Мисли, мисли…и пак избра исти. Токму така, исти. И така треба. Нема мајка која може да роди поинакви кандидати. Мајката да знаеше какви кандидати родила немаше ниту да ги роди! Еден мој близок пријател (не е геј) разочарано ми рече: Мајките поубаво камен да родеа, барем свињите ќе можеа од нив газот да си го чешаат. Сега веќе нема каде да се оди – бидна што бидна, а и возот тргна.

А машиновозачот не знае кој пат да го фати! Сиромав тој, машиновозач на Нашата Земја. Па, сиромашкиот тој, реши да вози на слепо. Значи, ќе вози исто како и сите досегашни машиновозачи. Имаме среќа што нашите машиновозачи имаат автоматско наведување. Нив ги наведува таканаречениот – странски фактор. Што е и нормално! Кој фактор сме ние, мала земја со толку големи апаши?!

Поттикнати од ваквото искуство од политиката, ние ви ја нудиме листата на која се лица кои здрпале, само награди на фестивалите широм светот. Во ово број имаме стандардни лица. Само што овие луѓе ќе орасположат и замислат, а на кандидатските листи беа луѓе од кои – допрва ќе му ја мислиме. (Распоредот на листава е правен на буфте). Тука се: Јордан Поп Илиев, Миро Георгиевски, Јордан Ѓорчев, Миле Манчевски, Тошо Борковиќ, Дарко Дрљевиќ, Петар Писместровиќ, Горан Дивац, Саша Димитриевиќ, Хуле Ханушиќ, Борислав Станковиќ Стабор, Димитар И.Вилазорски, Нинус Несторовиќ, Јово Николиќ, Милан Р.Симиќ, Валентин Димитров, Горан Иванковиќ, Миле Ѓорѓијоски, Јандре Дрмиќ, Слободан Симиќ, Љупчо Сиљановски, Александар Чотриќ, Атанас Крлевски, Драганчо Т. Изворски, Жељко Желе Јовановиќ, Жељко Марковиќ, Јане Атанасов, Васил Толевски, Ружа Стојмилова, Радивоје Бојичиќ, Трифун Костовски, Венко Андоновски, Ведрана Рудан, Славица Агиќ, Румен Драгостинов, Лилјана Крстиќ, Ѓорѓи П. Панов, Маја Цекова, Тоде Ристо Блажески, Миодраг Лазаревиќ, Ристо Филчевски, Драгутин Миниќ Карло, Душан Старчевиќ, Нешко М. Илиќ, Елеонора Николовска, Љубомир Илиќ, Данко Ившиновиќ, Саво Мартиновиќ, Дејан Тофчевиќ, Горан Ќелиќанин, Христо Ивановски, Марко Де Ангелис, Мојмир Михатов, Душан Пуача, Љупка Цветанова, Александар Баљак, Сеид Имамовиќ, Милорад Ќосиќ, Мирослав Средановиќ, Зоран Додеровиќ, Митко Колјушевски, Христо Недјалков, Дражен Јерговиќ, Миладин Бериќ, Валериу Бутулеску, Иван Карадак, Марија Ранѓеловиќ, Мича Тумариќ, Јован Зафировиќ, Дана Тембелевска, Миодраг Стошиќ, Вадим Зверев, Михаил Задорнов, Ефтим Проевски, Живко Продановиќ, Велизар Радоњиќ, Ласко Џуровски Љубомир Илиќ, Дамир Новак, Милан Пантиќ, Јасмина Буква и Ленче Стоименова.

СО БАЛКАНиУМ СОРАБОТУВААТ НАЈДОБРИТЕ. www.balkanium.mk.

Од 15 во месецот почнуваме со подготовка на магазинот БАЛКАНиУМ број 23 (за он-лајн и печатена форма). Затоа вашите творби ги очекуваме најдоцна до 15 во месецот (претходните прилози не се чуваат, така да за секој нов број мора да добиваме нов материјал).

Поздрав од Издавачкиот совет и тимот на Балканиум